Достапни линкови

Нов центар за мигранти на грчкиот остров Хиос


На грчкиот остров Хиос денеска ќе биде отворен вториот по големина центар за прием и регистрирање на мигранти во Грција, јави БТА. Центарот е сместен во поранешна фабрика во близина на аеродромот на островот Хиос. Објектот има капацитет дневно да прима до 600 мигранти и бегалци, а планирано е тој да биде проширен со цел да прима до 1.200 лица дневно.

На островот за денеска е закажан протест пред влезот на центарот против „гетоизација на жртвите од варварските војни во Сирија и Ирак“, но и против влезот на НАТО во Егејското Море.

Прифатниот центар во Хиос е вториот по големина, по тој на островот Лезбос. Уште три центри се планирани за Самос, Лерос и Кос за прием и регистрирање на мигранти и бегалци од воените зони, кои пристигнуваат преку Егејското Море од Турција.

XS
SM
MD
LG