Достапни линкови

Фицо: план Б за заштита на границите на ЕУ


словачкиот премиер Роберт Фицо

словачкиот премиер Роберт Фицо

Турција и Грција можеби не ќе можат да го задржат бранот мигранти во Европската унија и затоа треба да подготвиме план Б за да помогнеме во заштита на границите на Бугарија и Македонија. Ова го изјави словачкиот премиер Роберт Фицо по самитот на Вишеградската група во Прага. „Ние се потпираме функционирањето на акциониот план меѓу ЕУ и Турција. Би сакал да бидам убаво изненаден и од нашите грчки колеги. Но морам да признам дека сум песимист. Затоа ние зборуваме за план Б и за обезбедување на границите на Македонија и Бугарија“, рече Фицо.

XS
SM
MD
LG