Достапни линкови

Иванов: европско единство за мигрантска криза


За Македонија е исклучително важно Европската Унија да вложи максимални напори за да обезбеди единство по прашањето со мигрантската криза и сеопфатен одговор. Ова го изјави претседателот на Македонија Ѓорге Иванов по вонреден состанок на Вишеградската група во Прага. На собирот освен премиерите на Чешка, Полска, Словачка и Унгарија, учествуваа и македонскиот претседател како и бугарскиот премиер. Домаќинот на собирот, чешкиот премиер Бохуслав Соботка оцени дека Европската унија треба да ја поддржи Бугарија и Македонија при реализацијата на нивните сопствени мерки за заштита на границите. Според него, шесте земји се согласни за потребата од исполнување на договорот со Турција и за поддршка на напорот на Грција да ги исполни условите од членството во Шенген зоната.

XS
SM
MD
LG