Достапни линкови

logo-print

Без притвор за лицата осомничените од СЈО


Основниот суд Скопје 1 не донесе мерка притвор за осомничените кои вчера, по барање на специјалната обвинителка Катица Јанева, се појавија на распит. „Пред судија на претходна постапка од одделот за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје на сослушување се јавија лицата Г.Ј., К.Б., К.Т. и Н.В. за кои Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации поднесе предлог за определување мерка притвор за обезбедување присуство заради непречено водење на кривична постапка. По сослушување на лицата во присуство на нивните полномошници, судијата на претходна постапка, во законски предвидениот рок од 6 часа по завршување на сослушувањето, донесе одлука со која го одби предлогот на обвинителството. Образложението на судијата на претходна постапка е опфатено во одлуката која е доставена до странките кои имаат право на жалба до овој суд во рок од 24 часа.“ се вели во судското соопштение.

XS
SM
MD
LG