Достапни линкови

Укинување на европските санкции против Белорусија


Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Шефовите на дипломатиите од ЕУ денеска во Брисел одлучија да ги укинат повеќето санкции против Белорусија, освен ембаргото за оружје.

До овој чекор доаѓа по неодамнешното затоплување на односите кое резултираше со четиримесечна суспензија на мерките против Минск во октомври. Дел од санкциите се на сила уште од 2004 година, како казна за исчезнувањата на луѓе, политичкиот прогон и други недостатоци во демократијата. Администрацијата на претседателот Александар Лукашенко е наградена од Западот поради ослободувањето на политичките затвореници во земјата и поради нејзината улога во меѓународните преговори за запирање на борбите во источна Украина.

Критичарите, пак, предупредуваат дека укинувањето на санкциите е преурането и дека мора да продолжи западниот притисок против Минск за демократски реформи и почитување на човековите права и слободата на говор.

Лукашенко, кој две децении владее во Белорусија, ја сигнализира неговата намера поинтензивно да соработува со Западот и покрај историските врски на Минск со Москва.

XS
SM
MD
LG