Достапни линкови

Авганистанските лидери повикаа на мир со талибанците


Авганистанските лидери ги повикаа талибанците да го завршат 15-годишното бунтовништво и да преговараат за крај на војната. Претседателот Ашраф Гани и главниот извршен функционер Абдула Абдула заеднички го упатија овој повик денеска во Кабул, за време на одбележувањето на годишнината на повлекувањето на советската армија од Авганистан во 1989 година. Тие рекоа дека секоја опозициска група што сака да живее во мир е добредојдена. Во последно време во Кабул и во Исламабад се одржаа неколку рунди разговори за утврдување патоказ за воспоставување мир. На разговорите учествуваат САД, Кина, Пакистан и Авганистан, но не и талибанците.

XS
SM
MD
LG