Достапни линкови

Протест за трговски бариери од ЕУ кон Кина


Неколку илјади луѓе денеска излегоа на протест на улиците на Брисел со барање ЕУ да го ограничи приливот на евтини стоки од Кина. Белгиската полиција соопшти дека околу пет илјади металски работници протестирале, барајќи на Кина да ѝ се негира статусот на пазарна економија за да биде полесно да се воведат трговски рестрикции. Челичарската индустрија вработува еден милион луѓе во Европа и произведува 11 отсто од светското производство. Лобистите на овој сектор велат дека унапредувањето на статусот на Кина ќе ја чини ЕУ милиони работни места и „стотици милијарди евра загуби во економскиот раст“. Се очекува Европската комисија да донесе одлука дека Кина е пазарна економија до крајот на годинава. ЕУ во моментов има 37 мерки за трговска одбрана, од кои 16 се против Кина.

XS
SM
MD
LG