Достапни линкови

Оставка од реформски обвинител во Украина


Виталиј Каско

Виталиј Каско

Украинскиот заменик јавен обвинител Виталиј Каско, познат по неговите проферормски ставови, поднесе оставка. Тој денеска рече дека капката што ја прели чашата е одлуката на Јавниот обвинител Виктор Шокин да ги стави под контрола сите негови активности.

„Јавното обвинителство денеска е мртва институција и според независноста и според ефикасноста, така никој веќе не ѝ верува“, рече тој.

Британскиот амбасадор во Украина, Џефри Прат на Твитер напиша дека оставката ка Каско ќе го запре напредокот на реформите во Украина.

Претходно овој месец, реформистичкиот министер за економија Аиварас Абромавициус поднесе оставка, поради напорите за „блокирање на системските и важни реформи“.

XS
SM
MD
LG