Достапни линкови

Иванов и Земан разговараа за мигрантската криза


Бегалската и мигрантската криза, билатералните односи и соработката, како и македонските европски и евроатлантски интеграции, беа во фокусот на денешната средба на претседателот Ѓорге Иванов со неговиот чешки колега Милош Земан во Прага, каде што Иванов попладневно учествува на вонредниот Самит на земјите од Вишеградската група. Македонскиот претседател изрази благодарност за помошта од Чешка која придонесува со присуство на сили и со опрема со цел поефикасна заштита и надзор на границата, поефикасен систем на регистрација на бегалците и намалување на безбедносните ризици во подрачјето зафатено со криза. Двајцата претседатели се согласија дека Шенген зоната е доведена во опасност, a неодговорното однесување на земји членки на Унијата во заштита на надворешните граници и неисполнувањето на договорот меѓу ЕУ и Турција може да има огромни последици за целиот Балкански регион.

XS
SM
MD
LG