Достапни линкови

logo-print

Давутоглу: Нема да дозволиме Азаз да падне во курдски раце


Турција нема да дозволи градот Азаз во северна Сирија да падна во рацете на милициите на сириската курдска партија Демократски сојуз и групата ќе се соочи со најсуровата реакција ако повторно се обиде да се приближи до градот, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Тој, пред да замине за Украина, истакна дека борците од партијата Демократски сојуз планираа да го заземат Азаз и градот Тал Рифат ако не беше гранатирањето на турската армија во текот на викендот.

„Елементи од Демократски сојуз беа протерени од околината на Азаз. Ако повторно се приближат ќе се соочат со најсуровата реакција. Нема да дозволиме Азиз да падне“, посочи Давутоглу.

Турција смета дека Демократскиот сојуз на сириските Курди се подружница на Курдската работничка партија, која Анкара ја смета за терористичка организација.

Руското Министерство за надворешни работи, пак, соопшти дека турските прекугранични бомбардирања во Сирија се „отворена поддршка за тероризмот“ и прекршување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

XS
SM
MD
LG