Достапни линкови

Бошкоски на распит во Специјалното обвинителство


Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, кој ја отслужува казната затвор за случајот Кампања, напладне е донесен на распит во Специјалното јавно обвинителство. Претходно СЈО го побара предметот „Кампања“ за кое на Бошкоски му остануваат уште три месеци затвор. Бранителите на Бошкоски побарале и предметот Ровер да го преземе СЈО, бидејќи велат дека има докази дека се работи за местенка.

Во „Ровер“, Бошковски е еден од обвинетите за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев. Апелациониот суд веќе два пати ја укинува првостепената пресуда поради низа пропусти и неутврдена фактичка состојба.

За процесот „Кампања“, Бошкоски беше осуден на пет години затвор за злоупотреба на службената положба и за незаконско финансирање на кампања. Казната му истекува на 6 мај.

XS
SM
MD
LG