Достапни линкови

logo-print

Медведев - Москва не ја прекинува воената операција во Сирија


Рускиот премиер Дмитри Медведев вели дека Москва нема да ја прекине воената операција во Сирија, сè додека владата на претседателот Башар ал-Асад не биде во состојба да постигне поволен мир. Медведев ова го изјави во интервју за магазинот Тајм, објавено денеска. Тој вели дека антивладините бунтовници „кои шетаат со автоматско оружје“ се легитимна цел на руските воздушни напади, зашто тие се „бандити и терористи“. Медведев вели дека мирот ќе се врати в Сирија само ако Асад седне на преговори со бунтовничките сили „кои се способни да постигнат договор“, но оти „тој круг на луѓе треба допрва да се утврди“. Тој посочува дека мировниот процес ќе мора да ја утврди и идната улога на Асад во Сирија, „зашто во спротивно би било чудно“.

Медведев вели дека Русија никогаш нема да побара од западните земји да ги укинат санкциите воведени поради анексијата на Крим од Украина и поради руската поддршка за проруските бунтовници во источна Украина.

XS
SM
MD
LG