Достапни линкови

ЕУ укинува дел од санкциите против Белорусија


Александар Лукашенко

Александар Лукашенко

Шефовите на дипломатиите на ЕУ се очекува денеска во Брисел да одобрат укинување на санкциите против Белорусија, освен делот кој се однесува на ембаргото за оружје. Администрацијата на претседателот Александар Лукашенко е наградена од Западот поради ослободувањето на политичките затвореници во земјата и поради нејзината улога во меѓународните преговори за запирање на борбите во источна Украина. Лукашенко кој две децении владее во Белорусија ја сигнализира неговата намера поинтензивно да соработува со Западот и покрај историските врски на Минск со Москва.

XS
SM
MD
LG