Достапни линкови

logo-print

Словенија ја заострува политиката кон бегалците


Словенија, како и Австрија, реши да ја заостри политиката кон бегалците. Како што соопшти словенечкото министерство за внатрешни работи, за влез во Словенија на мигрантите веќе нема да им биде доволна само изјава дека сакаат да побараат меѓународна заштита во Австрија и Германија. Со ваквото известување биле запознати Хрватска, Србија и Македонија. Словенија најави дека во наредните денови ќе биде во интензивни разговори со Австрија околу справувањето со бранот бегалци.

XS
SM
MD
LG