Достапни линкови

Соботка: Централна Европа е за заштита на балканските граници


чешкиот премиер Бохуслав Соботка

чешкиот премиер Бохуслав Соботка

Лидерите на земјите од Централна Европа се подготвени да им помогнат на балканските земји да ги запечатат границите со Грција за да го запрат бранот бегалци. Ова го изјави чешкиот премиер Бохуслав Соботка. И покрај забелешките од Германија која останува на ставот дека тоа ќе ја влоши ситуацијата во Грција, таканаречената Вишеградска група за ова денеска ќе одржи самит во Прага на кој се поканети претставници на Македонија и на Бугарија. „Вишеградската група сфаќа колку е важно да се фокусира врз рутата во западен Балкан и покажува солидарност со тие земји и сака да им помогне да ги заштитат нивните граници“, изјави Соботка кој најави дека утре планира да разговара со шефот на грчката дипломатија пред самитот на Европската унија планиран за в четврток.

XS
SM
MD
LG