Достапни линкови

СДСМ - Да престанат предизборните притисоци во образованието


Опозициската СДСМ денеска на прес-конференција соопшти дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ почнала да врши политички притисоци и предизборна корупција во образованието.

– Информациите доставени до СДСМ покажуваат со какви средства се служи власта во заминување во обид да изврши уште една изборна измама. Пред неколку денови од едно средно училиште од Скопје, од МОН, се побарани податоци за учениците кои завршиле средно образование минатата година, кои треба да бидат доставени до 20 февруари. Бараните податоците се име и презиме на ученикот, број на мобилен телефон е-маил адреса. Имено, се работи за идни гласачи кои за првпат ќе гласаат оваа пролет.
Во општинската зграда во Битола биле повикани наставниците кои биле вработени во училиштата од 2007 година до денес. Секако, се работи за партиска активност на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно власта во заминување решила да ја проверува лојалноста на вработените во нивно време, со политички притисоци врз нив – соопшти Петар Атанасов.

XS
SM
MD
LG