Достапни линкови

logo-print

Кери-Албанија придонесува во борбата против тероризмот


Американскиот државен секретар, Џон Кери денеска во Тирана изјави дека Албанија дава голем придонес во борбата против тероризмот и е партнер на САД во сите активности вперени против екстремистите и терористите.

„Албанија е стабилен партнер на САД. Се навршуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу САД и Албанија , односи кои и понатаму се продлабочуваат. Владата на Албанија и сите Албанци треба да ги реализираат реформите во правниот систем од кој зависи многу и развојот на земјата“, нагласи Кери.

Премиерот на Албанија Еди Рама рече дека Албанија и сите Албанци за свој најголем сојузник ги имаат САД.

„ САД и Албанија имаат потпишано и документ за стратешка поддршка, која гарантира развој на Албанија. Поддршката на САД дава можност на Албанија да биде фактор на мир и стабилност во регионот“, изјави Рама.

Кери имаше средби и со албанскиот претседател Бујар Нишани и со шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати.

Посетата на Кери беше под засилени мерки на безбедност и беа ангажирани над 1500 полицајци

XS
SM
MD
LG