Достапни линкови

Груевски-Избори на 24 април се неопходни поради излез од кризата


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс.

На средбата, информираат од ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуелната политичка состојба, односите меѓу двете држави и интеграциските процеси важни за Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски во врска со актуелната политичка состојба посочил дека престојните избори на 24-ти април се неопходни поради излез од наметната политичка криза и добивањето на стабилна влада за продолжување на реформите како и справување со предизвиците со мигрантската криза.

XS
SM
MD
LG