Достапни линкови

logo-print

Путин и Обама разговараа за Сирија


Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на САД Барак Обама се согласија да ги интензивираат заедничките дипломатски напори, по договорот во Минхен, постигнат оваа недела, за смирување на конфликтот во Сирија. Двајцата лидери разговарале на телефон денеска, се вели во соопштението од Кремаљ. Во соопштението се вели дека Путин, исто така, ја истакнал потребата да се создаде обединет меѓународен план против глобалниот тероризам. Путин, како што јавуваат агенциите, рекол дека се потребни поблиски контакти меѓу САД и руските воени претставници, со цел успешно спротивставување на Исламската држава и други терористички групи. Путин, исто така, изразил надеж дека властите во Украина веднаш ќе ги исполнат своите обврски во процесот Минск за регулирање на конфликтот во источна Украина меѓу Киев и сепаратистичките милитанти кои се подржани од Русија.Западните земји ја обвинуваат Русија дека нивните воздушни напади во Сирија и подршката за владата на претседателот Башар Ал Асад придонеле за влошување на безбедносната ситуација таму.

XS
SM
MD
LG