Достапни линкови

logo-print

СЈО-Обжалени одлуките на судот, истрагата продолжува


Специјалното јавно обвинителство синоќа на официјалниот Фејсбук профил соопшти дека поднеле жалби на одлуките на Основниот суд Скопје 1 за одбивањето на притворот предложен за осум лица за изборни измами.

„Обжалени се одлуките на Кривичниот суд во Скопје. Истрагата продолжува“, напишаа од Специјалното јавно обвинителство.

Судот најави дека жалбите на Специјалното обвинителство ќе бидат разгледани во понеделник.

Кривичниот суд во саботата соопшти дека за четири лица е одбиен притворот, а за другите четворица дополнително ќе се утврдува бидејќи не биле во земјава.

Судот го одби притворот за градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, за поранешниот Министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и за уште две други лица.

Дополнително ќе бидат сослушани поранешната Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и секретарот на Владата, Кирил Божиновски и уште две други лица. Сите се сомничат за вмешаност во изборните нерегуларности

XS
SM
MD
LG