Достапни линкови

Шеќеринска: Со уште едни криминални избори кризата ќе се продлабочи


Делегација на СДСМ, предводена од заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, беше на работен доручек со делегација на Холандија, предводена од министерот за надворешни работи, Берт Кундерс.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија како и за мигрантската криза.

„Поради изборните измами и манипулации на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ започна политичката криза во Македонија. Со уште едни криминални избори кризата ќе се продлабочи“, рече заменик претседателката на СДСМ Шекеринска.

Шекеринска на средбата со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија истакна дека СДСМ инсистира на целосно исполнување на обврските од Договорот од Прижино и додаде дека без прочистување на Избирачкиот список и регулација на медиумскиот простор во Македонија не можат да се спроведат фер, демократски и слободни избори.

Во врска со мигрантската криза Шеќеринска рече дека е потребно системско решение.

XS
SM
MD
LG