Достапни линкови

Попоски-Кундерс: Најважно е заедничко решение за мигрантите


Најзначајно во овој момент е да имаме заедничко решение, да ги координираме нашите напори и да задржиме пристап во кој сите ќе бидеме вклучени, е заклучокот од денешната средба на министрите за надворешни работи на Македонија и на Холандија, Никола Попоски и Берт Кундерс, кој престојува во работна посета на земјава.

Министерот Попоски истакна, ќе биде многу значајно да соработуваме и со нашите соседи и сите оние кои ни даваат на билатерално или на европско ниво поддршка за справување со овој предизвик.

Шефот на дипломатијата во Холандија Кундерс, смета дека е многу важно да се зборува со Австрија, Грција и Македонија и да се најде делотворно решение за мигрантската криза.

- Одредени земји - членки ја поттикнуваат Македонија да ја затвори својата граница со Грција. Но, како што заедно заклучивме, многу е важно да продолжиме со европскиот процес на соработка по ова прашање. Многу е поважно да имаме делотворна контрола на границата отколку таа да се затвори, нагласи Кундерс и додаде оти во Европа се водат дискусии за ова прашање.

XS
SM
MD
LG