Достапни линкови

Иванов: Безбедносниот аспект на мигрантската криза ќе не преокупира во иднина


Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска во Минихен каде учествува на Конференцијата за безбедносна политика изјави дека безбедносниот аспект на бегалската кризата е она што во идните години ќе не преокупира. Многу од борците во ИСИЛ веќе го користат бегалскиот бран за да ги напуштат боиштата и да се протнат меѓу бегалците. Тоа сега го отвора прашањето како службите ќе соработуваат, како ќе ги наоѓаат тие лица и како ќе се справуваат,рече Иванов.

Иванов посочи дека на средбите кои ги остварил на маргините на Минхенската конференција со претставници на земји-членки од ЕУ разговарал за неопходноста од севкупното европско решение на овој предизвик.

XS
SM
MD
LG