Достапни линкови

Кери ја обвини Москва за агресија во Украина


Американскиот државен секретар Џон Кери ја обвини Русија за агресија и рече дека санкциите ќе останат во сила се додека договорот "Минск 2" за решавање на конфликтот во источна Украина целосно не се имплементира. Соединетите Американски Држави и ЕУ воведоа економски санкции кон Русија како одговор на поддршката на Русија на сепаратистите кои контролираат делови на источна Украина. Кери на конференцијата за безбедност во Минхен денеска рече дека имплементацијата вклучува повлекување на руските сили и воспоставување на украинска контрола врз целата украинско-руска граница.

XS
SM
MD
LG