Достапни линкови

Протест со чевли од иселените пред Владата


Неколку стотини граѓани денеска се собраа пред Владата на Македонија на протестот насловен „Колку чевли останаа неизносени“, организиран од граѓанската иницијатива „Заслужуваме подобро“.Пред владата беа наредени стотици чевли ,за симболично да ја потсетат владата за сите кои се иселиле од Македонија, во потрага по подобар живот.

Од граѓанската иницијатива, проблемот со иселувањето го лоцираат во лошите владини политики кои придонеле за влошување на економската состојба, како и на севкупните општествени услови.

Насобраните граѓани, побараа власта да преземе мерки за подобрување на економската и на општествената состојба во земјата и на тој начин да го сопре масовното иселување од Македонија.


XS
SM
MD
LG