Достапни линкови

logo-print

Чавушоглу-Можна копненана акција на Турција и Арабија во Сирија


Турција и Саудиска Арабија може да започнат копнена офанзива против Исламската држава во Сирија, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Чавушоглу пред турските медиуми кажа дека Саудиска Арабија ќе распореди воени авиони и евентуално војници во воздухопловната база Инџирлик во јужна Турција,

- Претстои да биде определен точниот број на војниците кои ќе бидат распоредени во Инџирлик, изјави Чавушоглу пред новинарите на враќање од Минхен, каде учествуваше на конференцијата за безбедносна политика.

Саудиска Арабија ја соопшти својата намера да се бори против ДАЕШ (арапскиот акроним на „Исламска држава"), велејќи дека е подготвена да испрати авиони и војници.

За време на секоја седница на коалицијата секогаш сме ја истакнувале потребата од изработка на обемна стратегија која води до постигнување на резултат за борба против терористичката група ДАЕШ. Ако имаме слична стратегија, Турција и Саудиска Арабија би можеле да започнат заедничка операција, посочи Чавушоглу.

XS
SM
MD
LG