Достапни линкови

Специјалното обвинителство на Твитер најави жалба до Судот


Специјалното Јавно Обвинителство на Твитер најави жалби до Судот откако судиите ги напишаа решенијата со кои ги ослободуваат од притвор осомничените во случајот Титаник.

Во фејсбук статусот СЈО наведоа дека Кривичниот суд пропуштил шанса да влезе во историјата на Република Македонија и дека следуваат жалби.

Утрината, околу три часот по полноќ во Основниот суд Скопје -1 заврши распитот на екс министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.

За одлуката во врска со останатите кои вчера беа на распит пред судија на претходна постапка од Кривичниот суд, најавија информација во текот на денот.

Судските распити за нив следуваа откако Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим вчера побараа притвор за осум лица и итно приведување на еден од нив поради криминализација на изборниот процес.

XS
SM
MD
LG