Достапни линкови

Столтенберг-Русија ја дестабилизира Европа


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Русија ja дестабилизира Европа и дека реториката и ставовите на Москва за нејзината нуклеарна моќ се со цел заплашување на соседите.Говорејќи на конференција за безбедност во Минхен, Столтенберг денеска изјави дека НАТО не сака конфронтација со Русија или нова студена војна, но дека одговорот мора да биде цврст. Тој рече дека потезите на НАТО за зајакнување на одбраната на источната страна имаат функција да се спречи војна, а не да се води војна. Столтенберг, рече дека очекува понатамошни потези за зајакнување на одбраната на самитот на НАТО во Варшава во јули. Тој повика на "повеќе одбрана", како и "повеќе дијалог" со Русија. Тој рече дека никој не треба да мисли дека нуклеарното оружје може да се користи во конвенционална војна.

XS
SM
MD
LG