Достапни линкови

logo-print

Иванов ќе се обрати на Минхенската безбедносна конференција


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати на панел - дискусијата „Кон натамошна евроатлантска интеграција на Југоисточна Европа“ во рамки на 52. Минхенска безбедносна конференција.

На панел-дискусијата ќе учествуваат и претседателите на Хрватска и на Словенија, Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Пахор и премиерите на Црна Гора и на Косово Мило Ѓукановиќ и Иса Мустафа.

Предвидено е Иванов, да има повеќе средби со дел од учесниците на собирот, меѓу кои со врховниот командант на НАТО за Европа, генерал Филип Бридлав, со генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и со помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд.

XS
SM
MD
LG