Достапни линкови

Времето денеска облачно со дожд


Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд и засилен јужен ветер. Повеќе врнежи ќе има во западните делови (локално над 20 л/м2). Температурата ќе се движи од четири до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и засилен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 13 степени.

До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и умерен до засилен јужен ветер. Повеќе врнежи ќе има утре во западните делови, каде што локално се очекува да наврнат над 20 л/м2. До среда температурите ќе бидат во постепен пораст

XS
SM
MD
LG