Достапни линкови

Амбасадата на САД упати поддршка кон работата на СЈО


Прес конференција на специјалниот јавен обвинител Катица Јанева во Скопје

Прес конференција на специјалниот јавен обвинител Катица Јанева во Скопје

Амбасадата на САД во Скопје денеска преку писмено соопштение уште еднаш ја потврдија целосната поддршка на САД кон специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и нејзините постапувања. Во соопштението се повикуваат властите да ги исполнат највисоките стандарди за транспарентност, владеење на правото, како и независноста на судството.

„Соединетите Американски Држави цеосно го поддржуваат Кабинетот на Специјалната обвинителка и нејзината улога во истражувањето и гонењето на криминалните дејствија кои произлегуваат од содржините од нелегално прислушкуваните разговори. Нејзиното назначување е суштински елемент од Договорот од Пржино и беше одобрено од сите четири политички партии.

Го повторуваме нашиот повик до сите страни да дозволат Кабинетот на Специјалната обвинителка да ги изврши своите должности, независно и слободно без никаква форма на политички притисок. Сите обвинети имаат право на целосна заштита од законот и ги повикуваме сите граѓани да дозволат фактите да произлезат низ судски процес.

Ги повикуваме властите да ги исполнат највисоките стандарди на владеењето на правото, транспарентноста, праведноста, заштитата на слободата на говор и независноста на судството како што се движат напред овие случаи.“ се вели во соопштението.


XS
SM
MD
LG