Достапни линкови

Иран ги забранува прославите за Свети Валентин


Иран ги забранува прославите за Денот на вљубените - Свети Валентин во обид за спречување на „декадентната западна култура“. Иранската полиција им посочи на продавниците да не изложуваат или промовираат „валентински производи“. Во директивите од полицијата се наведува дека кафулињата и баровите треба да спречат собири на кои момчиња и девојки си разменуваат валентински подароци, како што се цвеќе, чоколади или кадифени мечиња. Сепак, и покрај сличните предупредувања, празнувањата на 14 февруари во изминатите години стануваат сè попопуларни меѓу младите Иранци. Тамошните конзервативни медиуми објавија дека овој католички празник се слави дури и од жителите на светиот град Ком.

XS
SM
MD
LG