Достапни линкови

logo-print

Столтенберг - Примирјето прв чекор кон траен мир во Сирија


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го поздрави договорот за прекин на судирите во Сирија, но посочи дека нема ветување од Русија дека ќе прекине со бомбардирањето. По средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, на маргините на Безбедносната конференција во Минхен, тој рече дека договорот за прекин на непријателствата постигнат ноќеска треба да биде прв чекор кон траен прекин на огнот и оти сега е важна имплементацијата на договорот на терен.

Сепак, Столтенберг не одговори директно на прашањето дали Лавров ветил прекин на воздушните напади, туку рече дека ќе поздрави „поконструктивна улога од страна на Русија“.

Лавров, пак, рече дека најавата за прекин на огнот „не се однесува на терористите“ и оти воената операција против нив ќе продолжи.

Западот ја обвинува Русија дека првенствено ги напаѓа другите опозициски групи, а не ИСИС.

XS
SM
MD
LG