Достапни линкови

СДСМ - Секој што го прекршил законот да одговара


Прес конференција во Специјалното јавно обвинителство

Прес конференција во Специјалното јавно обвинителство

Опозицискиот СДСМ денеска реагира дека Специјалното обвинителство е независна институција која работи согласно законите и оти секој што ги прекршил Уставот и законите треба да одговара.

СЈО претходно соопшти дека покренало истрага за изборни измами во која се осомничени и поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, како и поранешниот секретар на владата. Во периодот на кој се однесува истрагата, министри беа Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, а Кирил Божиновски беше секретар на владата.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека прес-конференцијата на СЈО била политички настап и оти нивните функционери не се виновни.

XS
SM
MD
LG