Достапни линкови

Вучиќ со протестна нота до Хашкиот трибунал


Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска до Хашкиот трибунал упати протестна нота поради непримерен однос спрема државата, јави Танјуг. Тој му порачува на Хашкиот трибунал да ја почитува Србија. Вучиќ нагласува дека Хаг применува двојни аршини.

„На Србија не ѝ се дозволува некои случаи да ги води пред национални судови, додека други држави добиле таква согласност“, наведува Вучиќ.

Хашкиот трибунал не одговорил на допис од Владата на Србија од октомври 2015 година поранешниот генерал на Војската на Република Српска, Здравко Толмир да биде пуштен заради лекување на привремена слобода. Толимир почина во затвор во Хаг пред три дена. Вучиќ потсетува и на сите дописи кои Србија ги упатила како гаранција за пуштање на привремена слобода на обвинети поради лекување, а на кои Трибуналот не одговорил позитивно.

XS
SM
MD
LG