Достапни линкови

Почнува Минхенската безбедносна конференција


Војната во Сирија, бегалската криза и руската политика на истокот на Европа се главни теми на годишната конференција посветена на безбедноста во светот. Пред почетокот, американскиот државен секретар Џон Кери имаше неколкучасовна средба до руски пратеници и со претставници на земјите членки на Сириската група за поддршка. Притоа била постигната согласност за запирање на непријателствата во Сирија и интензивирање на хуманитарната помош за луѓето кои се зафатени со конфликтот. Кери оцени дека станува збор за своевидна „пауза“, а не за примирје кое, како што рече, би требало да биде постојано и да води кон крај на конфликтот.

XS
SM
MD
LG