Достапни линкови

Косово одби екстрадиција на осудените во Монструм


Алил Демири и Африм Исмаиловиќ

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ

Косово го одби барањето за екстрадиција во Македонија на двајцата осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро во 2012 година, познато како случај Монструм, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. По издржувањето на затворската казна за друго кривично дело во Косово, тие се пуштени на слобода.

„Во однос на меѓународната потерница за лицата Африм Исмаиловиќ и Алил Демири издадена од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, која сè уште е активна доколку истите лица бидат најдени во трета земја, надвор од границите на Република Косово и Република Македонија, ќе се постапи по барањето за екстрадиција на Министерството за правда на Република Македонија“, соопштува судот.

XS
SM
MD
LG