Достапни линкови

Ванхауте – Сите партии доставија амандмани за медиумите


Европскиот посредник Питер Ванхауте пред почетокот на денешната средба на работните групи од четирите политички партии за реформи во медиумите изрази оптимизам и информира дека сите четири партии доставиле амандмани на предлогот на меѓународната заедница за законот за медиуми.

„Добра вест е што конечно партиите се согласија да предложат амандмани и да разговараат за нив. Се работи за нови амандмани на различни членови на законот, за кои досега немаше никакви предлози, што е интересно. Јас секогаш очекувам напредок. Ќе видиме како ова ќе оди“, изјави медијаторот.

XS
SM
MD
LG