Достапни линкови

Црна Гора не му дозволува влез на рускиот вицепремиер


Рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин

Рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин

Црна Гора соопшти дека на рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин му е забранет влез во земјата. Црногорското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Рогозин е меѓу 50-те руски политичари и бизнисмени на кои им е забранет влез во земјата. Црна Гора, која се надева на членство во ЕУ, а веќе доби покана за членство во НАТО, се приклучи кон западните санкции против Русија поради нејзината улога во кризата во источна Украина. Министерството за надворешни работи соопшти дека лидерот на проруската Демократска народна партија, Милан Кнежевиќ, го поканил Рогозин без никакви консултации со црногорските власти.

XS
SM
MD
LG