Достапни линкови

Гарет - Не сум изненаден од бурните реакции


Британскиот амбасадор Чарлс Гарет денеска на Твитер напиша дека не е изненаден од бурните реакции за вчерашниот Дневник на Сител во кој гостуваше лидерот на опозицијата Зоран Заев.

„Го гледав Дневникот на Сител вчеравечер. Реакциите се значајни, не само затоа што е многу редок настан опозициски лидер да има настап на националните најгледани канали. Ова исто така покажува колку многу на луѓето им е важно и колку се битни принципите на медиумските слободи во демократиите, вклучително Македонија. Не сум експерт за медиуми и не би можел во детали да коментирам за синоќешната програма. Тоа е одговорност на медиумските тела, вклучително и Агенцијата за медиуми како регулатор, чиј одговор го нотирав денес. Овие тела треба во целост да одговорат на ваквите појави за да се зајакне довербата на јавноста во медиумскиот сектор. Балансираноста и непристрасноста и почитувањето на законите се клучните принципи за одговорно и веродостојно покривање на политичките настани“, напиша Гарет на Твитер.

XS
SM
MD
LG