Достапни линкови

МАН - Заев не одговори на прашањата


Македонската асоцијација на новинари (МАН), за вчерашното гостување на лидерот на опозицијата, Зоран Заев и начинот на водење на интервјуто, реагира дека „не постои интервју во Европа каде во слични ситуации се практикува истото“. МАН потенцира дека во Европа немало политичар кој гостува во медиуми, а притоа истите ги навредувал и им се заканувал.

„Зоран Заев на гостувањето во Сител изјави дека медиуми му се најголеми непријатели, се закани со Специјалното јавно обвинителство, прераскажуваше прислушувани разговори, иако со закон се обврза дека не смее да го прави тоа, одобруваше напади и тепања на новинари. Не одговори за своите односи со криминалци од аферата Фабрика за фалисификати. Не одговори за заработките на своите семејни фирми и особено нивните заработки од тендери на општина Струмица. Не одговори за статутарните измени во партијата што му обезбедува апсолутна власт“, се вели во соопштението на МАН, во кое се наведува дека Заев им се заканувал со апсења на новинари и уредници.

Претседателката на Асоцијацијата е Слаѓана Димишкова, а генерален секретар и претседател на Извршниот одбор е уредникот на ТВ Сител, кој вчера го водеше интервјуто со Заев, Драган Павловиќ-Латас.

XS
SM
MD
LG