Достапни линкови

logo-print

Ердоган се заканува со испраќање на бегалците во Европа


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција може да ги отвори границите за преминување на сириски бегалци во Европа.

„Ги запиравме автобусите со мигранти. Го правиме тоа еднаш, два пати. Потоа ќе ги отвориме границите и ќе кажеме пријатен пат“, нагласи Ердоган.

Во врска со ветувањето од Европската унија да ѝ даде на Турција три милијарди евра, тој наведе дека државата досега потрошила многу повеќе отколку што нуди Унијата.

„Постои можност за доаѓање на нов бран бегалци од 600 илјади луѓе доколку продолжат воздушните напади. Се подготвуваме за тоа“, рече турскиот претседател.

Во Турција моментно има околу 2,6 милиони бегалци од Сирија.

Ердоган исто така рече дека Турција ќе биде трпелива до одреден момент во врска со кризата во Сирија и потоа ќе биде принудена да преземе акции. Тој додаде дека силите во Сирија подржани од Иран извршуваат „безмилосен масакр“ и оти ОН треба да направат многу повеќе за да се спречи „етничкото чистење“ во државата.

XS
SM
MD
LG