Достапни линкови

logo-print

Протест пред Сител - Излези началниче да видиме кој лаже


Фото: novatv.mk

Фото: novatv.mk

Со извици „Излези да се извиниш“, „Телевизија е или обложувалница“, „Срам да ви е“, „Ајде да се кладиме“, „Симни се началниче да видиме кој лаже“, неколку десетици Турци кои живеат во Македонија, со поддршка од граѓани од различна националност, мирно протестираат пред телевизијата „Сител“ во знак на револт од вчерашното интервју на уредникот на Сител, Драган Павловиќ-Латас со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пренесува НоваТВ.

Во синоќешното интервју со Заев, уредникот на Сител му рече дека „лаже како Турчин“. Во наредниот Дневник, Латас рече дека тоа било гаф и им се извини на сите Турци, турската нација и на турската држава.

Демонстрантите реагираат дека со вчерашното интервју е допрено дното на новинарството во Македонија.

Протестот започна пред Владата, бидејќи, според демонстрантите, токму таа е главниот финансиер на ваквото медиумско однесување.

XS
SM
MD
LG