Достапни линкови

Турската амбасада го осудува Латас за изразот полн со „омраза и злоба“


Турската амбасада во Македонија „на најсилен начин го осудува“ синоќешниот недоличен израз на главниот и одговорен уредник на Сител телевизија Драган Павловиќ Латас „кон великиот турски народ“.

Во синоќешното интервју со лидерот на опозицијата Зоран Заев, уредникот на Сител му рече дека „лаже како Турчин“. Во наредниот Дневник, Латас рече дека тоа било гаф и им се извини на сите Турци, турската нација и на турската држава.

„Овој израз полн со омраза и злоба, во иста мера го возвраќаме кон именуваното лице, кое во основа и порано покажало смелост во своите разни емисии и изјави да користи навредливи изрази кон високите раководители на Република Турција и Турците“, стои во соопштението од турската амбасада.

Тие реагираат дека и покрај извинувањето, уредникот на Сител е далеку од состојбата да ја надомести штетата од ваквиот недоличен став и ја повика телевизијата да „преземе соодветни мерки“.

Амбасадата најави и „интервенции пред органите на Македонија“.

XS
SM
MD
LG