Достапни линкови

Се ближат датумите до кога партиите треба да ги завршат отворените прашања. Во очекување на ставот на амбасадорите и посетата на Хан, речиси да нема надеж дека работите можат да се придвижат.

Новата посета на еврокомесарот Јоханес Хан и 20 февруари, датумот кога амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, ќе се изјаснат за можноста за одржување на фер и демократски избори се сè поблизу, а лидерите на партиите се уште се многу далеку во исполнување на обврските од Договорот од Пржино.

Реални се можностите да се седне и да се договара нов датум за избори и тоа ќе оди тешко. Но САД и ЕУ ќе направат се да ги убедат сите политички актери да се оди со компромисно решение за датум. За нив релевантно ќе биде тоа што ќе го кажат ДИК и ОБСЕ|ОДИХР и тие се институциите кои ќе го имаат главниот збор во однос на датумот за избори.

Се ближи и 24 февруари кога се очекува да стапи во сила одложената одлука на владејачкото мнозинство за распуштање на законодавниот дом, со цел избори на 24 април, но ДИК се погласно најавува дека нема доволно време да се спроведат активностите околу пречистувањето на избирачкиот список. Тоа според професор Никола Дујовски значи дека е потребно да се донесе одлука за пролонгирање на распуштањето на Собранието и да се насочат активностите на завршување на сите предвидени обврски од Договорот од Пржино, па дури потоа да се дискутира терминот за избори.

„Тоа значи дека терминот за изборите треба да остане отворен. Договарањата што ќе следат во наредните неколку дена треба да доведат до пат по кој политичките партии, а пред се стручните органи ќе се движат за да добиеме фер и демократски избори. Тоа сигурно нема да се случи на 24 април“, вели Дујовски.

Нов проблем зa ДИК е бришењето на спорните гласачи. Избирачкиот список не е прочистен и на него се наоѓаат мртви и избирачи пријавени по двапати, а такви според опозицијата се 100 илјади или 12 проценти и затоа опозицијата не се согласува да излезе на избори на 24 април. Според Заев потребни се повеќе од 100 дена, што значи дека изборите би биле на почеток на летото. Отворено прашање како дел од Договорот од Пржино се и медиумите. По неколкудневна пауза работните групи продолжуваат со разговорите за медиумите.

Аналитичарот Исмет Рамадини нема дилеми, како што вели, дека под притисок на Меѓународната заедница и на олеснувачите можно е за медиумите да се постигне договор до последниот ден, но не и во однос на Избирачкиот список кој е под ингеренции на ДИК.

Од овие причини тој вели дека треба да се бара начин за поништување на одлуката за распуштање на парламентот и да се размислува во насока на презакажување на предвремените парламентарни избори.

„Реални се можностите да се седне и да се договара нов датум за избори и тоа ќе оди тешко. Но САД и ЕУ ќе направат се да ги убедат сите политички актери да се оди со компромисно решение за датум. За нив релевантно ќе биде тоа што ќе го кажат ДИК и ОБСЕ|ОДИХР и тие се институциите кои ќе го имаат главниот збор во однос на датумот за избори“

Инаку почетокот на следната нова седница на парламентот е закажана за 22 овој месец или две дена пред датумот кога треба да се распушти парламентот.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG