Достапни линкови

Диво Насеље - Бевме искористени за политички цели


Мирсад Ндрецај и Бег Ризај и се предале на полицијата за време на настаните во Диво Насеље на 9 и 10 мај минатата година, а потоа биле убиени. Ова го изјави Руфки Догани, еден од 29-темина обвинети за делата „тероризам“ и „терористичко организирање“, на денешното продолжение на судскиот процес во Скопје.

Насуф Бекири, исто така еден од обвинетите, пред судот изјави дека тие не се терористи и оти во Куманово не дошле да војуваат.

„Се сеќавам на зборовите на Ндрецај дека ние ќе бидеме фигури и ако дојде полицијата нема да ги нападнеме, туку само ќе пукаме во воздух“, рече Бекири.

Тој додаде дека сега знаат оти биле искористени за нечии политички цели.

Одбраната во воведните говори тврдеше дека правната квалификација „тероризам“ не може да опстои како што е наведена во обвинителниот акт, затоа што, според нив, станува збор за друго кривично дело.

XS
SM
MD
LG