Достапни линкови

Пентагон и покрај санкциите тргувал со руска фирма


Џон Мекејн

Џон Мекејн

Претседателот на Комитетот за оружени сили на американскиот Сенат Џон Мекејн побара одговор од Пентагон околу купувањето ракетни мотори од руска компанија. Сенаторот Мекејн, како што јавува агенцијата Ројтерс, испратил писмо до секретарот на воздухопловните сили Дебора Џејмс да објасни зошто американската влада го продолжува договорот со НПО Енергомаш, руска фирма која произведува ракетни мотори. Притоа се наведува дека таа фирма е под контрола на рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин кој е на листата на санкции на Соединетите држави.

XS
SM
MD
LG