Достапни линкови

Жени самоубијци убиле 58 луѓе во Нигерија


Две жени извршиле бомбашки самоубиствен напад во еден бегалски камп во североисточниот дел на Нигерија, при што загинале најмалку 58 луѓе. Третата жена, според властите, одбила да ја активира бомбата откако разбрала дека во кампот биле сместени нејзините родители. Таа била уапсена и на властите има дала информација за други планирани бомбардирања во кампот. Во шестгодишниот бунт на исламистичката организација Боко Харам загинале над 20 илјади луѓе, додека околу два ипол милиони останале без покрив над главата.

XS
SM
MD
LG