Достапни линкови

НАТО да помага околу бегалците на Егејско море


Германија, Грција и Турција побараа од НАТО да помага околу бегалците кои го минуваат Егејско море од Турција кон Грција. На состанокот во Брисел, генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг изјави дека сериозно се разгледува можноста НАТО да утврдува како шверцерите на луѓе оперираат на Егејско море. Тоа ќе биде за прв пат оваа воена Алијанса да биде инволвирана во европската мигрантска криза. Според предложената мисија, НАТО ќе собира информации за шверцерите кои потоа ќе им бидат проследувани на турските и грчките власти. Скоро 80 насто од мигрантите и беглаците пристигнуваат во Европа преку Егејско море

XS
SM
MD
LG