Достапни линкови

Бејли и Орав на Твитер се чудат за балансираното медиумско известување


Твитер реакции од амбасадорите на ЕУ и на САД во Македонија, Аиво Орав и Џес Бејли на интервјуто на претседателот на СДСМ Зоран Заев на Сител, кое го водеше главниот уредник Драган Павловиќ Латас.

Твитер реакции од амбасадорите на ЕУ и на САД во Македонија, Аиво Орав и Џес Бејли на интервјуто на претседателот на СДСМ Зоран Заев на Сител, кое го водеше главниот уредник Драган Павловиќ Латас.

„Фер и балансирано? Ве молам. Македонските медиуми можат да го направат тоа многу подобро!“, напиша американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли на својот Твитер профил, по вечерашното интервју на лидерот на СДСМ Зоран Заев на телевизија Сител, кое го водеше уредникoт Драган Павловиќ Латас. На Твитер се огласи и ЕУ амбасадорот во земјата Аиво Орав, кој напиша: „ Балансирано медиумско известување??? “

Заев по подолго време беше гостин во дневникот на ТВ Сител. Заев меѓу другото рече дека во Специјалното Јавно обвинителство предал еден милион и 50 илјади разговори. Уредникот на Сител во текот на разговорот на темата „Афера со лични карти“, рече дека има околу 60 телефонски разговори на Заев со еден од осомничените во случајот Захир Бекири-Чауш и членови на неговото семејство. Дел од разговорите меѓу Заев и семејството на Чауш, според презентираното на Сител, биле направени непосредно по неговото апсење. Заев како и досега тврдеше дека тие комуницирале како лидер на партија и член на СДСМ. Што се однесува пак до изборите, Заев рече дека Државната изборна комисија треба да каже до кога ќе се прочисти избирачкиот список.

XS
SM
MD
LG